Македонија шеста најсиромашна земја во Европа според новата ранг-листа на „World Atlas“

Македонија е рангирана како шеста најсиромашна земја во Европа според најновата анализа на „World Atlas“, изработена врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за бруто-домашен производ (БДП) по глава на жител според паритетот на куповната моќ (ПКМ). На листата пред Македонија се наоѓаат Молдавија, Косово, Украина и Босна и Херцеговина.

Според извештајот, Македонија има БДП по глава на жител според ПКМ од околу 24.300 долари. Анализата посочува дека земјата бележи стабилен, но релативно низок економски раст од околу два проценти во последните години, додека невработеноста е намалена од над 30 проценти на почетокот на минатата деценија на под 13 проценти до 2024 година.

Во извештајот се наведува дека македонската економија најмногу се потпира на металургијата, текстилната индустрија, производството на автомобилски компоненти за европските синџири на снабдување, како и на туризмот, особено во регионот на Охридско Езеро и Скопје.

На врвот на листата како најсиромашна европска држава е Молдавија со БДП по глава на жител од околу 19.700 долари, по што следуваат Косово со 20.400 долари, Украина со 21.000 долари, Босна и Херцеговина со 22.800 долари и Македонија со 24.300 долари.

Во првите десет најсиромашни земји во Европа се вброени и Белорусија, Албанија, Србија, Црна Гора и Бугарија.

Може да ве интересира