Левица: Власта штеди врз грбот на студентите – ги крати стипендиите за социјалните категории и за најдобрите

Додека декларативно се колне во младите и ветува европски стандарди, ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка турка измени во Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите за нивните достигнувања, реагираат од Левица.

Според партијата, огромен удар е насочен кон студентите од социјално загрозените семејства.

Наместо досегашните прецизни квоти – 20 проценти за природно-математичките, техничките и медицинските науки и еден отсто за дефицитарниот наставен кадар, Левица посочува дека власта сега воведува категорија од 35 проценти за, како што вели „студиски програми од стратешки интерес“, што според нив остава огромен простор за дискрециски одлуки и политички пазарења за тоа кој сектор е „стратешки“, а кој не.

Конкурсите, пак, велат оттаму, наместо транспарентно, ќе се објавуваат само на веб-страницата на Министерството.

Може да ве интересира