Пратеникот на Амар Мециновиќ жестоко ја критикуваше Владата поради односот кон индустријата на коцкање, оценувајќи дека државата дозволува казината и кладилниците да се богатат на сметка на граѓаните и нивните семејства. Според него, патолошкото коцкање во Македонија прераснува во сериозна социјална и здравствена криза, додека населбите и градовите се „преплавени“ со објекти кои, како што вели, ја „исцицуваат заедницата“. Мециновиќ порача дека се потребни суштински мерки, а не, како што наведе, „црни 500 метри“, обвинувајќи ја власта дека продолжува да штити профити на моќни бизнис интереси.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Владата ја гарантира твојата шанса да изгубиш сѐ!
Индустријата на коцкањето е заснована врз бизнис модел на загуба. Кога луѓето, а со тоа и семејствата ги губат платите, тие се појавуваат во графите за ПРОФИТ кај казината и кладилниците.
Нашите населби и градови се преплавени од објекти кои постојат за да ја исцицаат заедницата во која се наоѓаат – во нашиот случај, заедници кои веќе и така немаат многу.
Затоа, ова е социјална и здравствена криза на општеството за која властите предолго молчат. Патолошкото коцкање во Македонија е криза на јавното здравје која ќе зафаќа се повеќе луѓе во услови на влошување на животниот стандард.
Затоа, НИКАКВИ ЦРНИ 500 МЕТРИ. Време е да се погледнеме во очи оваа криза која ги распарчува поединците, семејствата и нашите заедници.
Владата и понатаму сака да гарантира дека можеш да изгубиш сѐ, за и понатаму да можат да добиваат истите луѓе кои веќе се богатат од оваа предаторска дејност.

