Јовановска кон Ѓорѓиевски: Се китите со туѓи перја! Ве предизвикувам да излезете и да кажете кои од капиталните проекти сте ги реализирале самостојно?

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска, упати остри критики кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека се фали со проекти кои не се резултат на неговата сопствена работа, туку се започнати од претходни градски администрации.

Јовановска реагираше на изјавите на Ѓорѓиевски дека актуелниот период е „најуспешниот квартал“ за градот Скопје, прашувајќи кои капитални проекти реално се започнати и завршени во неговиот досегашен мандат.

Таа додаде дека ваквата состојба отвора сомнежи дали во претходниот период намерно се кочеле одлуки во Советот, со цел актуелната власт денес да се претстави како единствен реализатор на капитални проекти.

Таа порача дека јавноста заслужува јасни одговори и прецизна поделба меѓу наследени и навистина реализирани проекти во тековниот мандат на градската власт.

Може да ве интересира