Серискиот убиец од Старо Нагоричане е осомничен за уште две убиства на жени

Серискиот убиец од општина Старо Нагоричане се товари за уште четири кривични дела, две убиства и два обиди за убиство, информираше обвинителот Љубомир Лапе на денешниот брифинг со новинарите. Истрагата, како што соопшти тој, се проширува и на нови можни случаи поврзани со осомничениот.

Обвинителот Лапе, истакна дека станува збор за прв познат случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите досегашни жртви се жени, кои биле цел на нападите поради нивниот пол.

Според информациите од истражните органи, осомничениот, Трајко Б., е жител на општината Старо Нагоричане и се наоѓа во затворот во Куманово. Истражителите продолжуваат со прибирање докази за повеќе случаи во кои жртви биле жени.

Тој бил уапсен по убиството на 78-годишна жена од истиот регион, која живеела сама. Според истрагата, случајот довел до откривање на серијата напади. Исто така, постои и случај на 86-годишна жена која преживеала напад во својот дом.

Од обвинителството и полицијата наведуваат дека осомничениот имал претходни проблеми со законот, како и пријави за кражби, а истрагата за неговото движење и евентуални дополнителни жртви продолжува.

Може да ве интересира