Левица: Ограничувањето од 500 м не е доволно, Македонија има најлиберализиран пазар за коцкање во Европа

Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски“ чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија прерасна во еден од најпрофитабилните бизниси во државата, додека илјадници семејства секојдневно се соочуваат со долгови, сиромаштија и зависност, велат од партијата Левица.

Токму кон ваков модел треба да се стреми и Македонија – модел во кој државата нема да биде зависна од приходите од коцкање, туку ќе ги штити граѓаните од социјалните последици што оваа индустрија ги предизвикува.

Левица смета дека е неопходна целосна промена на политиката кон игрите на среќа, наместо паушални измени кои ги најавува владата, која не ги ни ограничува казината да бидат на 3 километри оддалеченост од училиштата, како што апелираше граѓанскиот сектор. Токму поради ова, Левица ќе поднесе нов предлог-закон кој значително ќе го ограничи бизнисот со казината, по примерот на словенечкиот модел каде казината се ограничени само во туристички центри и погранични региони.

Македонија не смее да биде држава во која казината и обложувалниците се побројни од културните и спортските центри за младите“, соопштуваат од партијата Левица. 

Може да ве интересира