Ново брутално убиство на жена ја потресе Македонија утрово, откако 33-годишен битолчанец со нож ја усмртил својата 31-годишна сопруга, со која не живееле заедно. Според информациите од полицијата, трагедијата се случила утрово околу 06:40 часот во Битола, а жената починала на местото на нападот од здобиените повреди. Според информациите, тој е уапсен и задржан во полициска станица.
„Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

