Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека војната во Украина е наследство од администрацијата на Џо Бајден, но во суштина ја продолжува истата политика кон Русија.
„Трамп вели дека ова е војна на Бајден, но гледаме дека американската политика останува на истиот курс“, изјавил Лавров, пренесуваат медиумите.
Тој посочи дека Москва внимателно ги следи потезите на Вашингтон, особено во делот на воената и финансиската поддршка за Украина.
Изјавата доаѓа во време кога во САД се засилуваат дебатите околу американската улога во конфликтот и идниот пристап кон војната во Украина.

