(Видео) Димовски за распродажбата на клучните енергетски ресурси: „Две големи енергетски предавства“

Советникот на Левица во Општина Ѓорче Петров, Дејан Димовски, во гостување на дебатна емисија на ТВ21 жестоко ја критикуваше енергетската политика на државата во изминатите три и пол децении, оценувајќи дека Македонија направила „две големи енергетски предавства“ со продажбата на клучни енергетски капацитети.

Според Димовски, првото „енергетско предавство“ било продажбата на рафинеријата во Миладиновци, за која рече дека била продадена по цена од околу 32 милиони долари, додека државата подоцна плаќала и арбитражни казни од околу 40 милиони долари.

Тој како второ „енергетско предавство“ ја посочи продажбата на дистрибутивниот дел од енергетската мрежа, нагласувајќи дека приватните компании остваруваат милионски профити, додека државните енергетски претпријатија се соочуваат со големи долгови.

Димовски порача дека државата мора повторно да го стави јавниот интерес во фокусот на енергетските политики.

Може да ве интересира