Левица бара вонредна седница во Ѓорче Петров за малолетничкото насилство по инцидентот во реонскиот парк

Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров ја информира јавноста дека е поднесено барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Ѓорче Петров на тема „Превенција на малолетничкото насилство“, по неодамнешниот случај на насилство меѓу деца во реонскиот парк во општината. Од партијата велат дека состојбата со малолетничкото насилство зема сè поголем замав и предупредуваат дека институциите мора итно да реагираат.

Во соопштението се наведува дека кулминација на проблемот бил бруталниот инцидент во кој, како што велат, женски деца се изживувале врз девојче во паркот во Ѓорче Петров.

Од Левица обвинуваат дека советничкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на последната седница го одбило предлогот да се отвори дискусија за превенција на малолетничкото насилство.

Сепак, според Левица, условите за одржување вонредна седница се исполнети, бидејќи една третина од советниците писмено побарале свикување седница со единствена точка на дневен ред посветена на превенцијата на малолетничкото насилство во општината, со посебен осврт на случајот во реонскиот парк Ѓорче Петров.

Може да ве интересира