Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи.

Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Тој оцени дека работната група продолжила „најконструктивно“ и без учество на претставниците на СДСМ кои поради незадоволство од укинувањето на Пржинската влада, го бојкотираат процесот.

„СДСМ, многу ‘увредени’ од укинувањето на Пржинската влада, со нивното отсуство го блокираат процесот“, наведе пратеникот од Левица.

Крмов во објавата упати и иронична забелешка кон функционерите на СДСМ, Оливер Спасовски и Јован Митрески, поради нивно патување во Швајцарија.