Германија пред хаос во авиосообраќајот

Германските аеродроми предупредуваат на можни масовни откажувања на летови и нов бран поскапувања на авионските билети, поради растечката криза со снабдување на авионско гориво и зголемените оперативни трошоци. Според ADV, дел од авиокомпаниите веќе размислуваат за кратење на линии и намалување на бројот на летови во текот на летната сезона.

Главниот извршен директор на здружението, Ralph Beisel, предупреди дека најпогодени би можеле да бидат нискобуџетните авиокомпании и помалите туристички дестинации, каде профитабилноста станува сè потешка поради високите цени на керозинот.

Според проценките на германските аеродроми, доколку состојбата продолжи, одредени аеродроми би можеле да изгубат и до 10 проценти од капацитетот, што би значело милиони патници да останат без своите планирани летови. Воедно, намалениот број на достапни линии дополнително ќе влијае врз растот на цените на билетите низ Европа.

Причина за кризата, според германските медиуми и авиоиндустријата, е нестабилноста на светските енергетски пазари предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток и проблемите со транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец. Цената на млазното гориво во последните месеци бележи драматичен раст, што сериозно ги оптоварува авиокомпаниите и нивните деловни планови.

Од ADV предупредуваат дека, дури и доколку снабдувањето со гориво се стабилизира, многу авиолинии повеќе нема да бидат економски исплатливи по сегашните пазарни услови.

Може да ве интересира