Советничката од Левица во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, обвини дека веќе трет месец не добива одговор на советничко прашање поврзано со договорите и анексите меѓу ЈСП Скопје и „Маратон“. Според неа, одбивањето да се достават документите отвора сомнежи дека зад договорите се кријат уште посериозни финансиски и правни неправилности на штета на јавното претпријатие.
Еве веќе трет месец како не ми се доставува одговор на советничко прашање, односно фамозните договори и анекси помеѓу ЈСП и „Маратон”.
Јавноста е запознаена со тоа дека овие договори го осакатуваат ЈСП со тоа што наместо претпријатието – кајмакот од највидливиот рекламен простор во државата го собира „Маратон”.
Но, после сите овие избегнувања за доставување на договорите и избегнување на темата воопшто – се јавува огромен сомнеж дека истите се и многу поскандалозни од чаршиските муабети.
Па, од прикриените инфомрации и податоци се наметнува и прашањето:
Дали во тие договори постојат одредби со кои „Маратон” всушност се ослободува од обврската за исплаќање на трошките кон ЈСП, па дури и ЈСП е субјектот којшто му исплаќа пенали на „Маратон” по различни основи, праша таа.

