Стеваноски: Левица издејствуваа додаток на плата за воспитувачките и негувателките во градинка во Прилеп

Советничката група на Левица во Советот на Општина Прилеп, во месец Март 2026 година, согласно Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и дејноста одмор и рекреација на децата од 13.10.2022 год.(Сл.Весник на РСМ бр.220 од 14.10.2022 година), предложи донесување на одлука за определување на додаток на плата за работа во група со зголем број на деца во ЈОУДГ,,Наша Иднина“ – Прилеп и Правилник за начинот, критериумите, висината и постапката за исплата на финансиските средства за исплата на додаток на плата за работа во група со зголем број на деца во ЈОУДГ,,Наша Иднина“ – Прилеп.

Врз основа на така предложените одлуки за подобрување на правата на вработените во ЈОУДГ,,Наша Иднина“ – Прилеп, се покрена иницијатива од страна на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) кој преку свои претставници од вработените отпочна постапка за остварување на правото на овој додаток пред работодавецот (додаток на плата за работа во група со зголем број на деца) со укажување, дека доколку не се донесат таквите одлуки за остварување на ова право од работен однос ќе се отпочне со барање за одговорност за кршење на правата од работен однос пред Основното јавно обвинителство Прилеп.

После неколку кратна преписка, на ден 29.04.2026 година Управниот одбор на ЈОУДГ,,Наша Иднина“ – Прилеп, беше приморан да донесе Одлука Бр.02-114/4 и Правилник за начинот, критериумите, висината и постапката за исплата на финансиските средства за исплата на додаток на плата за работа во група со зголем број на деца во ЈОУДГ,,Наша Иднина“ – Прилеп, со кој додатокот на плата на дневна основа се утврдува во бодови и се пресметува така што разликата помеѓу нормативниот број на деца и бројот на присутни деца се множи со 1/еден бод по дете и вкупниот месечен додаток на плата се пресметува како збир од дневните додатоци на плата.

Максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца, за периодот од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2026 година изнесува 81,6 денари.

Советот на Општина Прилеп, има донесено Одлука за бројот на деца кои ќе бидат згрижени во воспитните групи за деца, во ЈОУДГ ,,Наша иднина “Прилеп „Сл.Гласник бр.10 од 14.09.2021 година.

Ова значи дека, почнувајќи од месец Мај 2026 година, вработените во ЈОУДГ ,,Наша иднина “Прилеп (негуватели и воспитувачи) ќе остваруваат во просек по 10 до 12 илјади денари повисока плата ако се има во предвид фактот дека во просек групите на деца се секогаш со зголемен број над нормативот.

Левица-Прилеп, уште поинтензивно ќе продолжи со институционалната битка во остварување на колективните права на вработените и во другите локални организации.

Борбата продолжува, напиша советникот од Левица во Општина Прилеп, Жаре Стеваноски на својот Фејсбук профил.

Може да ве интересира