Вчеравечер во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, со настанот наречен „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“ започна 6. Скопски поетски фестивал.
Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во Младинскиот културен центар и во „Буква“. Оваа година учесниците се поети од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија, од Црна Гора и од Македонија.
‒ Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…)“. Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот – изјавија организаторите.
Претходно, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, како преднастан на официјалното отворање, ќе се одржи читачката промоција на поетската панорама на поезија пишувана од млади ‒ „Техна и епистема“, што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја објави „ПНВ Публикации“ од Скопје.
Програма денеска и утре
08.05 | Младински културен центар ‒ Скопје
⤿ 18:00 | МКЦ: ПОЕТОТ Е ПРИСУТЕН: настан од затворен тип
⤿ 19:30 | Бифе МКЦ: Диптих # 6 со Гонџа Озмен (Турција) и Кристина Шпиранец (Хрватска)
⤿ 21:00 | Кино „Фросина“ >> (СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! #2
09.05 | „Буква“
⤿ 19:00 >> Промоција на „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ (Црна Гора) и Марија Вујошевиќ (Црна Гора), издание на „Култура Бета“, Скопје.
⤿ 20:00 >> Промоција на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од словенечки на Драгана Евтимова, издание на „ПНВ Публикации“.
⤿ 21:00 >> THE VERSE CITY/DIVERSITY („Диверсити“)

