Заради вас Македонија ќе изгуби спор во Стразбур, му порача пратеникот Амар Мециновиќ на вечниот директор на АВМУ, Зоран Трајчевски.
Во главниот град на локалните избори се случи да имаме во првиот круг 14 кандидати, од кои само еден кандидат немаше право на политичко платено рекламирање и тој кандидат сум јас!
Јас сакам да ја прашам оваа Агенција (АВМУ) дали смета дека е нормално во главен град во европска земја, дали е нормално кандидат за градоначалник во втор круг да биде диспропорционално претставен – без никаква реклама наспроти владин кандидат?!
Вие знаете дека ќе изгуби Република Македонија на Стразбур заради ова, затоа што поеклатантна политичка дискриминација не може да има, кажа Амар Мециновиќ од собраниската говорница.

