Пратеничката Јована Мојсоска обвини за, како што вели, тенденциозен пропуст во извештајот за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ доставен до Државна комисија за спречување на корупцијата, посочувајќи дека во него недостасува фирмата „БУСТ ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска. Кандидатката за нов член на Антикорупциската комисија Катерина Зајковска, според објавата, признала дека токму страницата со оваа фирма недостасува во извештајот.
Зошто токму фирмата на синовите на поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска фали во извештајот за политичката кампања на ДПМНЕ, кој е доставен до Антикорупциската комисија?!
Кандидатката за нов член на Антикорупциската комисија – Катерина Зајковска призна дека токму страната со фирмата „БУСТ ДООЕЛ“ ја нема во извештајот. Кога се работи за омилената антикорупционерка на власта – Цвета Ристовска, очигледно тенденциозни се „пропустите“ да се кријат нејзините фирми и од анкетните листови и од финансиските извештаи, додаде таа.

