Советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување професионална безбедносна редарска служба во Скопската зоолошка градина

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа иницијатива за воведување професионална редарска служба во Скопската зоолошка градина, алармирајќи за зачестени случаи на несоодветно однесување на посетители кои, како што велат, директно ги загрозуваат животните и безбедноста. Според нив, постојното обезбедување е неефикасно и формално, поради што предлагаат системско решение со јасни овластувања, департизирано функционирање и координација со надлежните институции.

ЗОО НЕ Е ЦИРКУС, А ЖИВОТНИТЕ НЕ СЕ РЕКВИЗИТИ !

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје денес поднесоа Иницијатива за воспоставување професионална безбедносна редарска служба во Скопската зоолошка градина.

Во зоолошката градина во Скопје имаме премногу ситуации каде посетители фрлаат храна и камења, удираат по кафези, провоцираат животни и го нарушуваат редот. Тоа не е “детска игра, туку директно малтретирање на животни и ризик за безбедност.

Иако како општество треба да отвориме сериозна дебата за трансформација на зоолошките градини во центри за рехабилитација и конзервација на животни, реалноста е дека тие постојат, и животните во нив мора да бидат заштитени.

Постоечкото обезбедување е формално, без реална превенција. А приватни агенции по партиска линија не се решение, туку дел од проблемот.

Затоа предлагаме:

– професионална редарска служба со јасни овластувања

– без партиски вработувања и без приватни агенции за обезбедување

– волонтери како поддршка, не како замена за систем

– координација со МВР за сериозни прекршоци

Ова е минимум цивилизациски стандард. Ако не можеме да воспоставиме ред во ЗОО, не можеме ни во градот.



Може да ве интересира