Свиркачи од ДКСК до јавноста со нови обвинувања за нерегуларности што ја потресуваат Државна комисија за спречување на корупцијата, откако во јавноста се појавија сомнежи дека кандидатката за член на Комисијата, Катерина Зајковска, наводно прикривала делови од финансиски извештаи поврзани со изборна кампања, во кои се споменува и поранешната функционерка Цвета Ристовска. Обвинувањата отвораат прашања за транспарентноста и интегритетот на институцијата.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е пред целосен колапс на кредибилитетот. Новите сознанија укажуваат на сериозна шема на прикривање документи и трговија со влијание меѓу кандидатката за нов член на ДКСК Катерина Зајковска и Цвета Ристовска која неодамна поднесе оставка од истата функција.
Како е можно во официјалниот финансиски извештај за кампањата на Гордана Силјановска-Давкова, објавен од ДКСК, да недостасува токму страната со спецификациите за трошоци каде што ја има исплатата од 35.000 евра кон фирмата „Буст ДООЕЛ“, сопственост на синот на Цвета Ристовска.
Постои основано сомневање дека Катерина Зајковска, како раководител на одделението за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи свесно го „филтрирала“ извештајот пред објавување за да ја спаси својата блиска пријателка Ристовска од скандал.
Трампа: „Чист извештај“ за „фотелја во ДЗР“?
Постои основано сомневање дека Зајковска, која била директно задолжена за финансиските извештаи намерно го филтрирала документот за да не се појави името на фирмата на семејството Ристовски. Мотивот за оваа „услуга“ е повеќе од скандалозен: Ристовска наводно ветила дека ќе го искористи своето политичко влијание за да ѝ обезбеди на Зајковска престижно место ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Откако скандалот сепак пукна и Ристовска беше принудена на оставка, маските паднаа. Катерина Зајковска сега официјално е кандидат на огласот за нов член на ДКСК – токму на местото на Цвета Ристовска!
Од прикривач до функционер
Ова е класично сценарио на заробена институција: лицето кое беше задолжено да ги контролира парите во изборите, а дозволи исчезнување на докази за фамилијарни бизниси, сега претендира да стане највисок функционер во Антикорупциска.
Институциите не смеат да молчат пред овој брутален пример на клиентелизам. Како може Катерина Зајковска да биде релевантен кандидат за член на ДКСК, кога под нејзино раководство „исчезнувале“ страни од официјални извештаи доставени до јавноста?
Јавноста прашува:
- Дали Зајковска намерно ја сокри спецификацијата за да си го исчисти патот до функцијата член на ДКСК?
- Зошто спецификациите за другите кандидати се јавни, а токму оваа е цензурирана?
- Зошто Зајковска не забележала и не известила дека фали страна во извештајот?
- Дали ветувањето за кариерен напредок во ДЗР било цената за молчењето?
- Може ли лице инволвирано во селективна транспарентност да биде новиот „чувар“ на правдата?
Ова веќе не е само институционален пропуст, туку директен напад врз демократијата и правниот поредок. Државата не смее да дозволи „чистењето“ на извештаите да биде препорака за кариерен напредок!
Укажувачи од ДКСК

