Македонски возач настрада во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во вторникот околу пладне на автопатот Брегана–Загреб (А3) во Хрватска, животот го загуби возач од Македонија, кој управувал товарно возило.

Според информациите од хрватската полиција, камионот најпрво излетал од коловозот, ја пробил заштитната ограда, удрил во столб за улично осветлување и потоа се запалил. Несреќата се случила во близина на Среданци, во правец кон Брегана.

На местото на настанот веднаш биле испратени сите служби за итна помош, вклучувајќи полиција, пожарникари и медицински екипи. Сепак, пожарникарските екипи имале сериозни тешкотии да пристигнат навреме поради голем сообраќаен метеж, а дополнително проблем создало и тоа што дел од возачите не создале коридор за итни случаи.

Според првичните неофицијални информации, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе пред пожарот да се прошири. Подоцна, хрватските медиуми пренесоа дека станува збор за државјанин на Северна Македонија.

Полицијата во Брод-Посавина потврди дека на местото се пронајдени регистарски таблички од Македонија и соопшти дека камионот се движел по јужната лента, по што изгубил контрола, преминал преку централната заштитна ограда и удрил во инфраструктурни објекти пред да се запали.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Може да ве интересира