Јованов: „Релативизирањето на насилството врз жените испраќа опасна порака до јавноста“

Професорката Тамара Јованов, преку социјалните мрежи остро реагираше на изјавата на премиерот поврзана со насилството врз жените, оценувајќи дека ваквото релативизирање на случаи со тешки телесни повреди испраќа опасни сигнали до јавноста и ги охрабрува насилниците. Таа предупреди дека Македонија се соочува со сериозен проблем со фемициди и семејно насилство, најчесто извршени од сопрузи или партнери, нагласувајќи дека тепањето жена не смее да се третира како „мал престап“, туку како тежок криминал што бара итна и строга санкција.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Први сме по фемициди, извршени најчесто од сопруг или дечко, а премиерот изјавува дека тепање на жена, со тешки телесни повреди, е мал престап.

Веројатно малку потежок престап е право да ја убие!?

Да заклучиме: тепање жена е не само најсељачката работа на свет на невоспитани и психички пореметени личности, туку сериозен престап, кој веднаш и по скратена постапка треба да резултира со сериозни мерки.

А јавното оправдување на ваквиот криминал треба да е забрането!

Кај нас има тепачи на жени, со лопата да ги ринеш и тоа треба да се решава, а не да се охрабрува.

Може да ве интересира