Рускиот амбасадор Зиков: Позицијата на Македонија во однос на Украина е длабоко разочарувачка

„Приклучувањето кон Европската Унија нема да ги реши проблемите на Македонија – таквите надежи се илузорни“. Ова го изјавил новиот руски амбасадор во земјава, Дмитриј Зиков, за ТАСС во своето прво интервју.

Амбасадорот ги коментирал наодите од заедничкиот извештај на руското и белоруското министерство за надворешни работи за состојбата со човековите права, објавен на 24 јуни 2025 година, во кој се наведува дека „ситуацијата во Македонија останува тешка поради високото ниво на корупција, слабиот судски систем, широко распространетото семејно насилство и социјалната ранливост меѓу ранливите групи“.

Тој нагласил дека проблемите споменати во извештајот не се производ на „руска пропаганда“. „За жал, тие се реални, а сите податоци врз кои се темели извештајот се земени од отворени македонски извори. И, судејќи според истите овие извори, тие не исчезнале во текот на изминатата година“, забележал Зиков.

Говорејќи за позицијата на Македонија околу војната во Украина, Зиков во интервјуто кажал дека „ставот на Скопје е диктиран од евроатлантската надворешна политика“.