Јованоски со реакција на цените на становите во Скопје: „100.000 евра за 43 квадрати е изживување“

Со критики кон растечките цени на недвижностите во главниот град, Мартин Јованоски преку социјалните мрежи реагира на оглас за мал стан во Кисела Вода, оценувајќи дека ваквите суми се недостижни за младите и ја отсликуваат реалноста на скапото и пренатрупано урбано живеење во Скопје.

Гледам оглас, стан во Скопје близу рампа, кисела вода. Нова зграда, 43 квадрати, 100000 евра.

Што се 43 квадрати?!

Во 43 квадрати не можеш да растеш деца, да формираш семејство.

100000 евра!

100000 евра се пари. Легално, не можеш да ги заработиш додека си млад. Останува кредит. Станбен, ќе го земеш и ќе го враќаш до пензија. Ќе се колнеш 100 пати додека го вратиш.

За што?

За да имаш стан од 43 квадрати на рампа. За да пцуеш додека бараш паркинг, да станеш дел од урбаната џунгла и да голташ смог, ПМ10 и прашина од Усје.

100000 евра за 43 квадрати е веќе изживување и криминал, а сѐ додека народот купува, цените ќе бидат такви какви што се.

Шизофрени и ултра забегани, заклучи тој на својот Фејсбук.