Трендафилов прашува: 260.000 работници со плати под просечната – ќе протестираме или ќе молчиме за 1ви мај?

Над 260.000 од вкупно околу 530.000 работници во земјава во 2025 година примаат плата пониска од 600 евра, објави претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

Според него, тоа значи дека нешто повеќе од 50 проценти од вработените земаат примања под нивото кое синдикатите го бараа како минимална плата, што укажува на сериозен проблем со животниот стандард на работниците.

Во објава на социјалните мрежи, Трендафилов постави и прашање до јавноста за тоа како работниците ќе реагираат на ваквата состојба, нудејќи три опции – протест на 1 Мај, пасивност или заминување на продолжен викенд.

Со ова, првиот човек на ССМ индиректно повика на поголема активност и ангажман од страна на работниците во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, во насока на подобрување на нивната економска положба.

Може да ве интересира