Мециновиќ се сретна со познатиот миротворец Џорџ Галовеј: ‘Идеите не се апсат’ – реакција за апсењето на Куцуловски поради палестинско знаме

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше по апсењето на Куцуловски во Скопје за истакнување палестинско знаме, во објава во која се осврна и на неговата средба со Џорџ Галовеј во Москва. Тој посочи дека учествувал на панел посветен на Блискиот Исток, нагласувајќи дека „идеите не можат да се уапсат“ и изрази поддршка за Палестина.

Со великанот Џорџ Галовеј зборувавме на панел за Палестина, насловен: The Anti-Imperialist Struggle in the Middle East – во Москва.

Човекот кој со децении го носи факелот на слободната мисла против поробувачките империјалистички центри на моќ.

Денес во Скопје лидерот на Црвена Младина, Андреј Куцуловски беше уапсен за истакнување на палестинско знаме.

И Галовеј бил апсен па инспирирал уште безброј нови левичари во бескомпромисна борба, токму како нашиот Андреј.

Идеите не можат да се уапсат. Сонот за праведен и братски свет не може да згасне.

Слободна Палестина, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Може да ве интересира