Предавање на тема „Активности на Националниот археолошки музеј во Скопје: Историја и перспективи на проектот Доцноантички урбан центар во Валандово (LAVA)“ ќе биде одржано денеска во 15 часот на Универзитетот „Никола Коперник“ во Торуњ, Полска. Предавањето ќе го одржи археологот м-р Радомир Ивановиќ, виш кустос за доцноантичкиот период при Националниот археолошкиот музеј во Скопје, а ќе присуствува и Филип Аџиевски, кустос за доцен среден век.
Предавањето е значајно за меѓународна промоција на македонското културно наследство, археолошките истражувања и современите научни проекти поврзани со локалитетите во Валандово.

