Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот „Црвена младина“ при Левица, се огласи на социјалните мрежи по неговото приведување за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел.
Во својата објава, Куцуловски им се заблагодарува на граѓаните за поддршката што ја добил во текот на целиот процес, нагласувајќи дека солидарноста е клучна вредност во, како што наведува, антиимперијалистичката борба.
„Македонскиот народ е на страната на палестинскиот народ, иако постојат обиди од политичките елити тоа да се прикаже поинаку“, стои во објавата.
Тој додава дека, според него, „времето ќе покаже чии вредности ќе победат“, потенцирајќи дека се работи за прашање на историска и морална исправност.
Објавата завршува со порака за поддршка на палестинскиот народ.
Настанот предизвика реакции во јавноста, особено по информациите дека Куцуловски бил приведен поради истакнување палестинско знаме на спортски настан.

