Родителите за загинатите деца од Кочани бараат враќање на обвинителката Ивана Трајчева

Дел од родителите и семејствата на жртвите од трагедијата во кочанската дискотека со поднесок до Советот на јавни обвинители изразиле сериозна загриженост да не биде продолжен мандатот на јавната обвинителка Ивана Трајчева која го водеше предметот за обвинетите полицајци за трагедијата.

Од „Здружението на граѓани 16-ти март 2025“ бараат да се преиспита ваквата одлука или да се обезбеди нејзино понатамошно вклучување во предметот.

Поднесокот се разгледувал на денешната седница на Советот на јавни обвинители, под точка разно, но Советот одлучи поднесокот да го препрати до Јавното обвинителство.

За трагедијата во тек се неколку судски процеси, меѓу кои првиот се води против 35 физички и три правни лица во судницата во Идризово, а формирани се три предмети против полицајците, од кои за два веќе е почната судската постапка.

Обвиненијата за полицајците ги поднесе обвинителката Ивана Трајчева која сепак не доби уште еден мандат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на нејзино место беше назначена друга обвинителка. Трајчева беше вратена во скопското обвинителство.

Може да ве интересира