Професорката Тамара Јованов на социјалните мрежи, го критикуваше премиерот за, како што вели, непознавање на клучни факти поврзани со рангирањето на универзитетите и критериумите на Шангајската листа, додека истовремено најавува реформи во високото образование. Во објава на социјалните мрежи, таа посочува дека критериумите за глобално рангирање немаат допирни точки со актуелните политики за број на часови и научни трудови, оценувајќи дека ваквите пристапи предизвикуваат потсмев во академската јавност и дополнително го поттикнуваат одливот на студенти во странство.
Премиерот, професор, не знае ни основен факт како тој дали УКИМ некогаш бил рангиран на Шангајска листа, а ќе го реформирал високото образование.
Дополнително, самиот не ги исполнува критериумите за кои се залага.
Ѕирнете му го профилот на WoS.
Каква бурлеска!
Критериуми за фамозната Шангајска во прилог, каде се натпреваруваат светски универзитети со милијарди годишни буџети и нобеловци, па вие ценете колку тоа има врска со муабетите на власта за број на часови и број на трудови:
1. Нобелови и Филдс награди на алумни
10%
2. Нобелови и Филдс награди на вработени
20%
3. Истражувачи со висок број цитати (Clarivate) 20%
4. Статии во Nature и Science 20%
5. Статии индексирани во SCIE и SSCI (Web of Science) 20%
6. Per capita академски перформанси 10%
Напротив, бројот на часови во светот е обратнопропорционален со бројот на трудови!
Ни се чудат и ни се смеат кога ќе кажеме дека можеме да држиме по 8 предмети во годината, на еден циклус на студии!!!
А од друга страна, заради фактичките услови, цел еден универзитет по број на студенти ни е преселен во Словенија!
И таму не одат заради Шангајската листа – направете си истражување!
Дај им моќ, да им го видиш паметот на суетни ликови, издиганти на непотизам.

