(Видео) Папата Лав XIV: „Тешко на оние што ја злоупотребуваат верата за воени и политички цели“

Папа Лав XIV упати силна порака за улогата на религијата во современите конфликти, нагласувајќи дека верата не смее да се користи како средство за политички, воени или економски интереси.

Во своето обраќање, папата се повика на пораките на Исус Христос, истакнувајќи дека „блажени се миротворците“, но предупреди дека злоупотребата на религијата во име на моќ и профит претставува сериозна девијација.

Неговата изјава доаѓа во време кога официјални лица на Белата Куќа сè почесто ја користат верата за воени походи во Блискиот Исток, цитирајќи ја Библијата за да ги оправдаат воените операции и убивањата во има на Бог.

Може да ве интересира