Мирка Гинова – Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмртноста

На 27 јули, 1946 година, беше застрелана, гордо извикувајќи: „Јас сум Македонка!“.

Еден грчки војник кој присуствувал на чинот на стрелање, ги запишал последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко, тој напишал: „Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Таа ја пречека смртта со насмевка на усните, храбро, пеејќи и сите присутни беа восхитени. Во 5:30 часот ѝ пријдов и ја прашав дали сака да напишам нешто до нејзините родители. Таа ми рече: „Ако сакаш, напиши му на татко ми: ‚Јас умирам за нешто во кое верувам со целата душа, како чесна, не како нечесна, за подобар живот на другите, не за мојот’. Таа беше неверојатна, дури и пред смртта не покажа обесхрабреност. И останатите шестмина, но најмногу таа. Не ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку само ја кажувам вистината што ја видов. Ве поздравува еден војник чија должност го натера да присуствува на овој жален чин и имав желба да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, позната како Мирка…“

Мирка Гинова е првата жена застрелана во Грција од политички причини. Народот ја испеа нејзината смрт, а неколку македонски поети ѝ посветија трогателни стихови. Таа загина во одбрана на честа и слободата на својот народ. Достоинствена, храбра, рамо до рамо со своите другари, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот, таа ја избра бесмртноста.

Може да ве интересира