Левица: ТЦ „Охрид“ тапка во место со „Кончар“, а ДПМНЕ им даде нов милионски тендер за далекувод

Политичката партија Левица остро реагира на доделувањето на нов тендер за изградба на далекувод, обвинувајќи ја Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на, како што велат, „скандалозна пракса“ на наградување компании кои не ги исполнуваат своите обврски. Според нивната реакција, фирмата „Далековод“ од Загреб, поврзана со хрватскиот „Кончар“, добила нов милионски договор и покрај тоа што четири години не ја завршила трафостаницата „Охрид“, проект кој, според Левица, е од стратешко значење за енергетскиот систем во земјава.

На неодамнешното поставување на камен темелник за изградба на нов далековод од ТС „Битола 2“ до македонско – албанската граница, кое свечено го одбележаа премиерот Мицкоски и министерката за енергетика Божиноска, беше истакнато дека ова е „историски настан за македонскиот енергетски сектор“. Со ова свесно се дефокусира јавноста од вистинскиот проблем, четиригодишниот дебакл со изградба на трафостаницата Охрид, капитален проект кој започна во август 2021 година, а до ден денес не е завршен, иако претставува клучна алка без која целиот енергетски ситем на таа траса не може да функционира.

Ова е уште еден доказ дека во енергетскиот сектор владее нетранспарентност, клиентелизам и отсуство на одговорност, а сето тоа врз грбот на граѓаните кои плаќаат сѐ повисоки сметки за електрична енергија.

Може да ве интересира