Мојсоска: Власта менува приказни за финансирањето на болницата во Кичево – каде завршија парите од „британскиот кредит“?

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил обвини за недоследности и нетранспарентност во најавите за изградба на новата болница во Кичево, посочувајќи дека институциите даваат различни информации за изворот на финансирање. Таа реагира откако, и покрај претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека проектот ќе се заврши за две години и ќе се реализира со средства од т.н. британски кредит, директорката на кичевската болница изјавила дека изградбата ќе се финансира преку Светска банка.

Може да ве интересира