Дигиталниот фронт се отвора: хакери, протекувања и новата ранливост на технолошките гиганти

Во време кога технологијата ветува контрола и безбедност, реалноста покажува спротивно – системите стануваат сè поранливи, а скандалите со протекување податоци се множат.

Најновиот случај ја погоди компанијата Rockstar Games, каде хакерската група „ShinyHunters“ успеа да пробие дел од инфраструктурата и да дојде до доверливи интерни информации. Хакерите бараат откуп, заканувајќи се дека ќе ги објават податоците ако барањата не бидат исполнети.

Но ова не е изолиран случај. Според најнови извештаи, сајбер-криминалците веќе користат напредни алатки базирани на вештачка интелигенција за да напаѓаат институции. Во еден напад, само еден хакер, користејќи AI системи, успеал да пробие владини мрежи и да украде стотици милиони записи со лични податоци.

Дополнително, протекувања се случуваат и внатре во самите компании. Во случајот со Anthropic, илјадници интерни документи биле ненамерно изложени поради човечка грешка, отворајќи прашања за контролата врз чувствителни информации.

Може да ве интересира