Стевановски: МВР да не ги попречуваат мирните протести во Ореовец

Адвокатот и советникот во Советот на Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, преку објава на социјалните мрежи се повика на одредби од Законот за јавни собири, според кои Министерството за внатрешни работи може да прекине јавен собир само во случаи на загрозување на безбедноста, поттикнување кривични дела или штета врз животната средина. Во својата реакција, Стеваноски упати апел до припадниците на МВР да не постапуваат по, како што наведе, евентуално незаконски наредби за насилно отстранување на мирните протести во село Ореовец, притоа обвинувајќи го министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, за закани и вмешаност во криминални активности.

Согласно чл.6 од Законот за јавните собири:

Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавен собир во случаите

кога истиот е насочен кон:

– ️загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните;

-вршење или поттикнување на вршење кривични дела утврдени со закон и

-загрозување на животната средина.

Поради очигледната реална закана од Министерот за транспорт и врски Александар Николоски-Лигња, упатена кон нас “Циркузантиве”, апелирам до припадниците на МВР добро да ги проучат одредбите од Законот за јавните собири и да одбијат секаква незаконита наредба за насилно отстранување на мирните собири во с.Ореовец.

Државата под палката на вакви лигњи, свесно не ги тужи учесниците на овие протести пред македонските судови, затоа што знае дека една таква постапка ќе доведе до инволвирање на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и на површина ќе излезе најкрупниот организиран криминал во кој и самиот министер е вклучен до гуша.

Вистината се брани со аргументи а не со гебелс напади.

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ, НЕ ВО ПОЛИТИЧАРИТЕ