Левица: Наместо да ја решава кризата, Трипуновски ги напаѓа земјоделците што протестираат

Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за ароганција и координирани напади врз сопствениот народ. Според партијата, наместо социјален дијалог и решенија, власта на ДПМНЕ одговорила со јавна дискредитација на земјоделците и сточарите кои преку протести ги бараат своите загарантирани права.

Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат.

Дека овој министер и оваа влада се без компас, потврдува и фактот што по повеќе од еден месец од кризата со цените и горивата, сѐ шуте нема донесено ниту една антикризна мерка за стабилизација на пазарот на прехранбени производи, како и обезбедување на зелена нафта за земјоделците.

Следствено на ова, како партија на работниците и земјоделците, уште еднаш го повторуваме нашето барање за ОСТАВКА на министерот Цветан Трипуновски. Од владата бараме итни антикризни мерки со кои ќе им се помогне на земјоделците и граѓаните.

Може да ве интересира