(Видео) Мециновиќ порача дека назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница

На вчерашната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните. Ацо Ристов е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруг Данка Ристова е членка на Судскиот совет.

Мециновиќ истакна дека со крунисувањето на Мицкоски на позиција на премиер на Република Македонија започна најзагрижувачкиот период за енергетската состојба во Република Македонија, затоа што за прв пат нема премиер кој откако ќе дојде на премиерската функција, ќе стапи во бизнисот за струја, туку е директен претставник на енергетската олигархија која ги уништува животите на граѓаните со децении.