Симонов: Владата го нуди „Чебрен и Галиште“ како личен имот-државните ресурси не се на распродажба

Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи, реагираше на изјавата на премиерот за понуда на проектите „Чебрен и Галиште“ на потенцијални американски инвеститори, оценувајќи дека станува збор за неодговорно располагање со државен имот. Според него, природните богатства и стратешките енергетски проекти не се лична сопственост на Владата, туку ресурс кој треба да се развива со домашни капацитети, а не да се отстапува на странски компании на штета на граѓаните.

Премиерот изјавил како ги нуди „Чебрен и Галиште“ на „потенцијални американски инвеститори“ и дека тоа претставува „негова лична цел и лична желба“.

Ако сакате нешто да направите за овој народ, тогаш создадете државни капацитети и отпочнете веќе еднаш со државни ресурси да го градите „Чебрен и Галиште“. Во спротивно, правите само за туѓи компании, чија сметка ќе ја подмирува вашиот народ.

p.s. Нудењето национално вaжни проекти и ретките минерали на „стратешкиот партнер“ е класично слугување на колонијално-империјалистичката политика. Она за што другите народи крварат за да го одбранат, ние го даваме на „изволте“.

*СДС го нудеа на Грци, ВМРО го нудат на Американци #NмаРазлика.