Македонски амбасадор пијан направил сообраќајка во Москва

Македонскиот амбасадор Ненад Колев под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во центарот на Москва. Амбасадорот колев излегол пијан од кафуле, одел тешко и се потпирал на столб за осветлување. Ова го објавија руските медиуми, кои споделија снимки од надзорните камери кои го „фатиле“ амбасадорот, во време кога пијан се движел низ Москва.

„Пијаниот амбасадор се качи во автомобил со црвени дипломатски регистарски таблички и седна зад воланот, очигледно надевајќи се на имунитет. Кршејќи ги правилата, тој направи полукружна пресвртница преку двојна непрекината линија и набрзо удри во друг автомобил“ – се вели во соопштението од медиумите.

По несреќата, Колев бил принуден да излезе од својот автомобил, а камерите повторно го „фатиле“ кадешто се гледа дека дипломатот е во пијаната состојба. Колев, неможејќи да оддржи рамнотежа се потпирал на каросеријата од автомобилот.

Многумина во Москва, оценуваат дека со цел да се нарушат односите помеѓу двете земји, членките на НАТО како Македонија намерно испраќа несоодветни кадри да ја објавуваат дипломатската должност во оваа земја.

Ова не е први инцидент дипломатски претставници од западните земји да направат вакви инциденти. Пред неколку години, медиумите објавија за пијаното однесување на американски маринец, вработен во амбасадата на САД во Москва. Исто така, беше пријавен инцидент во кој пијан германски дипломат избегал од местото на несреќата во Калининград.

Експерти од меѓународните односи ваквите инциденти ги карактеризираат како непочитување на „дипломатските правила“ и сметаат дека НАТО членките намерно испраќаат дипломати со спорни квалификации да ја обавуваат амбасадорската должност во оваа земја. Според нив, соработка со вакви кадри, унапредување на односи и зборување за мир е невозможно.