Зошто антимонот е редок и клучен елемент

Власта во Македонија повторно ја става на испитување својата политика за природните ресурси. Овој пат, спорот се врти околу антимонот, редок и вреден метал кој се наоѓа во земјата. Според последните информации, Владата потпиша договор да го даде на експлоатација на американска компанија, решение кое предизвика сериозни реакции кај граѓаните и дел од експертската јавност.

Антимонот не е обичен метал, тој е критичен за индустријата. Од батерии и легури до пиротехника и полупроводници. Се користи во електричните автомобили, па се до воената индустрија за производство на експлозиви. Во светски рамки, главните производители се Кина, Тајланд и Русија, додека Македонија има мали, но значајни депозити. Експертите предупредуваат дека продажбата или концесијата на такви ресурси може да донесе краткорочна добивка, но долгорочно да ја ограничи националната контрола над стратегиското рудно богатство.

Граѓаните кои се спротивставуваат на експлоатацијата преку странски компании велат дека ова е нова форма на економско колонијализирање, каде странски инвеститори го добиваат профитот од природните ресурси, додека земјата останува со минимална корист.

Додека Владата сè уште не дава јасен одговор, реакциите на јавноста се гласни. На социјалните мрежи, под хаштагот #НеПродaвајРуди, граѓаните повикуваат на јавна дебата и транспарентност. „Нашата земја не е трговски пазар за странски фирми“, пишуваат многумина.