Муцунски потпишува капитулантски договор – ретките минерали како Антимон ќе ги дистрбуира во топилница во Оклахома

Во Вашингтон се одржа уште еден „стратешки дијалог“ помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, овојпат околу искористување на нашите ретки минерали, пред сè антимон од Кривопаланечко. Македонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Муцунски, придружуван од министерите за одбрана, внатрешни работи, енергетика и дигитална трансформација – но главната тема е очигледна: како државата да им ги предаде своите природни богатства на странските инвеститори.

Земјата, која веќе векови се бори да ги зачува своите ресурси, повторно ги отстапува ретките минерали на странските компании. Проектот за ископување и извоз на антимон е класична форма на експлоатација, каде профитот ќе се исцеди надвор од границите на Македонија, додека локалното население ќе добие само минимални придобивки. Во тоа нема ни трага од социјална или еколошка одговорност, слично на тоа како во Африка или Латинска Америка странските фирми земаат природни богатства, оставувајќи пустош зад себе.

Премиерот Мицкоски, кој веќе водел разговори со потенцијални американски инвеститори, го гледа ова како „напредок“ за државата, но вистинската вистина е дека се повторува моделот на неоколонијализам, каде нашите ресурси се приватизираат под изговор на странска заинтересираност. Проектите „Чебрен“ и „Галиште“ се само уште примери за тоа како македонската економија се отвора кон странски капитал, без гаранции за локално учество или долгорочна корист.

На маса е ставено и прашањето за враќање на иселеничките визи – сосема симболично, додека вистинските богатства на државата се продаваат. Стратешкиот дијалог, кој требаше да биде рамка за рамноправна соработка, се претвори во платформа за приватизација на природните ресурси, со потенцијално деструктивни ефекти за економската самостојност на Македонија.