Изложба посветена на семејството бегалци Малахови во Битола

Во организација на Центарoт за култура – Битола и Друштвото за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, утре во 12 часот во изложбениот салон на Центарот за култура,  ќе биде отворена изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската ‘робинзонијада’ на семејството бегалци Малахови“. Автори на изложбата и каталогот се: д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, Љубица Велкова и Јасминка Намичева.

Реализацијата на изложбата е во рамките на проектот – патувачки изложби МузеумЛинк, во организација на Јасминка Намичева, кустос советник. Изложбата се состои од реконструирани биографии, документи, фотографии, слики итн., и претставува само еден скромен обид на некој начин воспоставување на историската правда во однос на членовите на семејството Малахови.

Масовното бегство од Русија по Граѓанската војна предизвика во повоената Европа хуманитарна криза. Меѓу бегалците се нашле и членовите на фамилијата Малахови (родители со 4 деца (3 сина и 1 ќерка). Некое време тие престојувале во Чехословачка, но во средината на 1930-тите скоро сите се преселиле во планините на Поречје, Македонија.
Во Поречје семејството Малахови ја отпочна својата, како што тие кажувале, „робинзонијада“. Населувајќи се во дивината тие сами градат куќи и апарати за сува дестилација на дрво за производство на катран, терпентин итн.

Најважното е дека секој од семејството и покрај тешките услови и исцрпувачката работа се трудат во насоката на реализација на своите интереси: таткото, Александар Егорович, како приврзаник на идејата на кооперативен труд, се обидува да ги обедини селаните од Поречје во задруги; постариот син, Георги, работи над усовершување на апарати за сува дестилација, а и го собира местниот фолклор, води белешки за животот на поречаните (во Архивата во Домот на руските иселеници во Москва се чуваат неговите ракописи илустрирани со фотографии „Приказни на Македонското Поречје“, „Занаети во исчезнување на Македонското Поречје“ итн.); другиот син, Александар, составува геолошки и шумски карти за Поречје и други делови од Македонија; сопругата на Георги, Марија Шпис, прави етнографски фотографии и се занимава со сликарството итн. Тројцата браќа Георги, Александар, Вјачеслав се антифашисти и земат учеството во НОБ.

Откако се создаде македонската држава нивните знаења и умеење добиле можност да дојдат до израз:
− Александар Малахов станува референт во АСНОМ, раководител на одделението за рударството при АСНОМ, предавач на катедрата по географија при Филозофскиот факултет (прв предавач на оваа катедра), основач и прв директор на Геолошкиот институт;
− Георги Малахов раководи со изградбата на претпријатијата за сува дестилација, каде се
применуваат и неговите изуми (комбинат во Берово и др.);
− Вјачеслав Малахов е ударник на трудот;
− Светлана Малахова, ќерката на познатиот лингвист С. О. Карцевскиј, професор на
Женевскиот универзитет, сопругата на Александар, ги создава куклите и ги режира првитe куклените претстави, а на тој начин станува основоположник на куклениот театар во Македонија;
− Марија Малахова (Шпис), работејќи за Етнолошки музеј во Скопје како сликар, создава
збирка на слики со македонски народни носии, елементи од народна облека, традициона
архитектура, инвентар итн. (над 300 слики); за широката публика познат е само мал дел од
нејзините слики преку објавените 40 нејзини дела во албумот „Македонски народни
носии“ од 1963 г. Приказната за Марија Малахова (Шпис) е посебна: таа потекнува од две
германски фамилии во Русија, кои се дел од најбогатите и највлијателните трговско-
индустијални кругови во Руската империја; како Германци во Првата светска војна тие се
прво интернирани, а после фактички изгонети од Русија. Марија, која на своите 15 години
го формулира своето кредо: „Слобода, природа и творештво, другото нема значење“, учи
и студира во Германија, во Париз, учествува во изложби во Брисел, Холандија, Белград,
работи во Литванија и Естонија, а откако стана јасно дека војната е неизбежна се
преселува во Поречје каде се омажила со Георги, таткото на нивниот син, само за да се
откаже од германското државјанство. Животните одлуки на Марија, која не ги одбирала
лесните патишта, сведочат за нејзината приврзаност на своето верују – „слобода, природа
и творештво“.
Заради политичките процеси познати како „Коминформбиро“ членовите на
фамилијата Малахови биле принудени повторно да емигрираат. А нивните имиња долго
време биле во заборав.