(Видео) Секретарот за „војна“ Хегсет се побрка на сослушувањето пред Конгресот – не знаеше колку генерали сменил и зошто

Американскиот секретар за „војна“ Пит Хегсет се соочи со остри критики за време на сослушување во Конгресот, откако не успеа да објасни зошто биле сменети повеќе високи генерали во американската армија, ниту пак да каже колкумина се разрешени.

На седницата пред Комитетот за вооружени сили, конгресменот Адам Смит директно го праша Хегсет колку генерали се отстранети од функција во последниот период.

Смит потоа наведе дека станува збор за најмалку осум разрешувања и побара објаснување за причините зад тие одлуки. Хегсет повторно не даде конкретен одговор, истакнувајќи дека претседателот има право да избира тим во кој има доверба.

Размената заврши со напната атмосфера, при што конгресменот саркастично го праша дали воопшто го разбира прашањето „зошто“.

Во последните недели, неколку високи офицери на американската армија беа отстранети или маргинализирани без јавно објаснување, што предизвика загриженост во воените и политичките кругови.

Меѓу нив се смените на началникот на Генералштабот, генерал Ренди Џорџ, како и генералот Дејвид Ходни, потези што беа оценети како неочекувани и предизвикаа реакции во Пентагон.

Според дел од американските медиуми, овие кадровски промени се толкуваат како обид за зацврстување на контролата врз воениот врв, но истовремено отвораат прашања за транспарентноста и стабилноста во командната структура.

Покрај тоа, претходно беше разрешен и генерал Ден Дрискол, по што следуваа дополнителни барања за оставки во врвот на армијата, без официјални образложенија од страна на Министерството за одбрана.