Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, јавно ја повика Алфа Телевизија да се извини поради, како што тврди, ширење невистинити информации поврзани со случајот во селото Ореовец и активностите на конзорциумот Бехтел и Енка. Тој обвинува за непрофесионално известување, нарушување на приватноста на жителите и пласирање на еднострана слика во јавноста, поставувајќи и серија прашања за начинот на кој медиумот дошол до, како што наведува, доверливи информации.
Алфа Телевизија ДА СЕ ИЗВИНИ за ширење на лажни вести
Само еден ден после вчерашното пеглање на Градоначалникот Дејан Проданоски, на Седницата на Советот на Општина Прилеп, очигледно паднала партиска наредба Алфа ТВ да објави сторија за проблемот на с.Ореовец со конзорциумот Бехтел и Енка, па го летнале дронот да снима приватни имоти додека ја кажуваат „нивната вистина„ за проблемот на жителите на с.Ореовец и с.Плетвар.
Со оглед дека „криминалниот договор„ помеѓу државата и конзорциумот Бехтел и Енка е државна тајна, останува нејасно како оваа телевизија изнесува наводи за содржината на договорот, висина на наводни штети, вештачења и да квалификува „обични„ и „необични„ селани, да изнесува податоци за анализи кои покажувале некакви резултати и слични наводи, па дури и знае што размислувала државата и конзорциумот.
Алфа телевизија има дописник од Прилеп и тоа е новинарката Каролина Дурло, која воопшто не го ни следи овој процес, па за мене како адвокат кој ги застапува „необичниве„ селани вклучително и самиот себе си поради имотот кој таму го поседувам, остана нејасно како овој дописник не се обратил на другата страна на „паричката„ за да дознае каква е фактичката состојба.
️Поради фактот што оваа телевизија на ваков начин спротивно на новинарската етика, експлоатира невистинити и лажни информации во својот прилог и очигледна е неговата намерата за креирање на негативно јавно мислење за жителите на ова населено место и лажна фактичката состојба, и со оглед дека јавноста ваквото сценарио го одживеа во периодот кога државата ја нарекуваа „Заробена држава„ и кога се креираше медиумски мрак, во прилог на оваа објава како претставник на жителите на с.Ореовец го прашувам овој медиум:
Од кога тоа за овој медиум договорот помеѓу државата и Бехтел и Енка стана легитимен наместо криминален?
-Кој тоа, од актуелната власт на овој медиум им дал строго доверливи информации за содржината на договорот, за да би можеле да изнесуваат вакви податоци?
-Зошто државата или Бехтел и Енка до денес не повеле постапка за надомест на наводните “штети” по државата, ниту пак повеле судска постапка која ќе ги спречи жителите да ги блокираат ваквите активности на Бехтел и Енка?
-Дали жителите на с.Ореовец, сопственици на хациенди, базени и луксузни недвижности треба некого да прашаат за тоа што можат да прават со сопствените пари и како тоа овој медиум си зел за право со дронови да надлетува над селото и да им го повредува правото на приватност на жителите?
-Дали жителите на ова село поради својот материјален статус, треба да се правдаат на локалните функционери кои очигледно на таа партиска позиција дошле како „клошари„ за да можат да заработат лесни пари преку политика наместо преку труд и работа?
Дечки, земете работете и заработете нешто со достоинство и труд, за да можете и Вие да градите хациенди и да бидете “необични”, оти со партиско политичко “пушење” можете да добиете само надимак „Алфа„ иако во таа категорија стоите далеку зад други национални медиуми.

