Велигденски концерти на Градскиот мешан хор „Балтепе“

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово најавува два големи велигденски концерти под заеднички наслов „Блесоглас“, кои ќе се одржат на почетокот на април во општините Брвеница и Јегуновце.

Првиот концерт е закажан за 4 април (сабота) во Општинската сала во Брвеница, со почеток во 18:30 часот. Веднаш следниот ден, на 5 април (недела), хорот ќе настапи во местото Пештер во Јегуновце со почеток во 12:30 часот.

Под диригентската палка на м-р Јасмина Ѓорѓеска – Каро, публиката ќе има можност да ужива во богата и разновидна музичка програма. Репертоарот опфаќа дела од класични и македонски автори како Лука Маренцио, Добри Христов, Стефан Гајдов и Глигор Кондовски, па сè до светски познатите спиритуали „Amazing Grace“ и „O When the Saints“.

Како специјални гости на концертите ќе настапат проф. Стефан Волчевски на гитара, Мартин Лазаревски на хармоника и Душко Дембоски на пијано. Солистичките делници ќе ги толкуваат Бети Никлеска, Снежана Кузмановска, Слободан Ѓорѓевски, Жарко Настоски и Ана Мирчевска Календар.

Програма за концертот во Брвеница:
La Catedral (Agusto Barrios) – Специјален гостин на гитара: Проф. Стефан Волчевски
Amate mi ben mio (Luca Marenzio)
Тебе поем (Добри Христов)
Леле Јано (Стефан Гајдов)
Ајде слушај Анѓо (Стефан Гајдов)
Момиче мало ѓаволо (Стефан Гајдов)
Ајде поминувам (Глигор Кондовски)
Шетам горе, шетам доле (Глигор Кондовски)
Велики староградски валцер (Федор Вртачник) – Настапуваат Мартин Лазаревски (хармоника) и Душко Дембоски (пијано) Asturias (I. Albeniz) – Специјален гостин на гитара: Проф. Стефан Волчевски
Somebody (Arr. R. Nathanial Dett) – Солисти: Бети Никлеска, Снежана Кузмановска, Слободан Ѓорѓевски и Жарко Настоски; Диригент: Нена Волчевска; Пијано: Душко Дембоски
Nobody knows (Arr. Jeff Guillen) – Диригент: Нена Волчевска; Пијано: Душко Дембоски
Amazing grace (Arr. Jeff Guillen) – Солист: Ана Мирчевска Календар; Пијано: Душко Дембоски
O when the saints – Пијано: Душко Дембоски

Програма за концертот во Јегуновце:
Настап на КУД „Извор“, општина Јегуновце
Amate mi ben mio (Luca Marenzio)
Тебе поем (Добри Христов)
Леле Јано (Стефан Гајдов)
Ајде слушај Анѓо (Стефан Гајдов)
Момиче мало ѓаволо (Стефан Гајдов)
Ајде поминувам (Глигор Кондовски)
Шетам горе, шетам доле (Глигор Кондовски)
Велики староградски валцер (Федор Вртачник) – Настапуваат Мартин Лазаревски (хармоника) и Душко Дембоски (пијано)
Somebody (Arr. R. Nathanial Dett) – Солисти: Бети Никлеска, Снежана Кузмановска, Слободан Ѓорѓевски и Жарко Настоски; Диригент: Нена Волчевска; Пијано: Душко Дембоски
Nobody knows (Arr. Jeff Guillen) – Диригент: Нена Волчевска; Пијано: Душко Дембоски
Amazing grace (Arr. Jeff Guillen) – Солист: Ана Мирчевска Календар; Пијано: Душко Дембоски
O when the saints – Пијано: Душко Дембоски
Настап на КУД „Извор“, општина Јегуновце

Градскиот мешан хор „Балтепе“ е релативно нов состав, формиран во септември 2025 година на иницијатива на група ентузијасти. И покрај краткиот период на постоење, хорот веќе зад себе има значајни настапи на јубилеите на планинарскиот клуб „Љуботен“ и градскиот хор „Вардар“ од Скопје. Диригентката Ѓорѓеска – Каро, која е добитник на бројни меѓународни награди и признанија, меѓу кои и престижната награда „Георги Божиков“, го води составот кој обединува хористи од различни возрасти со единствена цел – промоција на хорската уметност.