Предлог-измените во законската регулатива за високото образование предизвикаа остри реакции во академската јавност, откако беше најавено зголемување на наставниот ангажман на универзитетските професори до 40 часа неделно. Професорката Тамара Јованов јавно предупреди дека ваквото решение може сериозно да го наруши квалитетот на наставата и научно-истражувачката работа, оценувајќи дека станува збор за обид да се покрие недостигот од кадар и да се намалат трошоците во образованието на сметка на вработените.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
Секое ново законско решение за високото образование – малце бетер од претходното!
Предвиделе во предлог бр.2 до 40 часови неделно предавања и вежби, по професор – ектремно оптоварување со настава како фул тајм работа во секој час од секој ден!?
Ова, паралелно со туркање на фокусот кон истражување и наука!?
Можни скриени намери, крајно штетни по самото образование се:
1. Покривање недостиг од кадар без нови вработувања! Со висок плафон, институцијата може да ги „растегне“ постоечките професори да предаваат до мала душа, наместо да отвори нови позиции.
2. Штедење на образованието! Повеќе часови по наставник = помал трошок по студент. Формално не се намалуваат плати, но се зголемува максомално оптовареноста по вработен.
3. Флексибилност за злоупотреби од менаџментот! Ваков максимален лимит им дава дискреција на деканати/раководства да распределуваат огромен товар, без да влегуваат во законски прекршок.
4. Норматив како алатка за дисциплина! Кога лимитот е висок, „одбивањето“ дополнителни часови не е возможно. Се создава култура на прифаќање на преоптоварување кое задолжително го намалува КВАЛИТЕТОТ!
5. Компензација за структурни неефикасности! Наместо реална реформа, товарот се апсорбира преку луѓето.
6. Приоритет на настава над истражување кое е во конфликт со другите членови кои бараат приоритет на наука и истражување пред настава!? Вака излегува дека може да предваш СЕКОЈ ЧАС ОД СЕКОЈ ДЕН ВО НЕДЕЛАТА, а истражување, наука, соработки, консултации, книги, трудови и се’ останато, да си правиш во слободно време по работа!!!
7. Легализација на веќе постоечка пракса!
Веќе постои недостаок од кадар, оптерерување со часови и настава со слаб квалитет пораси тоа, а ова “решение” сега тоа го прави сосема прифатливо!
8. Простор за нерамномерна распределба!
Висок плафон дозволува некои професори да носат непропорционално голем товар (по хиерархија или преговарачка моќ), без формално кршење правила.
Ова е ужас од предлог!
Редовните професори, кои беа комотни во позицијата да не подлежат на новите правила за избор, ќе кажат ли нешто на темата “ставање во подредена положба на милост и немилост на менаџментот (кој о да е) во однос на можност за ‘рмабње по 40 часа неделно со настава” и што тоа значи за квалитетот?
Или ќе ќутат и ќе се молат да се спасат со полжав стратегија!?
Дали нам ни е воопшто гајле за суштината и иднината или таман си е вака, па до кај оди, нека оди?
Пс. Ова го нема во нормален свет!

