Фурсов: Новиот поредок ќе донесе силно опаѓање на животниот стандард – наметнатиот колективизам нема да е нов социјализам, туку дигитален концлогор

Во емисија на Јутјуб, познатиот руски историчар Андреј Фурсов ја разгледува суштината на современите економски трансформации, нагласувајќи дека тоа не е само новата фаза на капитализмот, туку создавање на посткапиталистички систем. Главната промена нема да биде само во контролата врз материјалниот труд, туку и во целосната доминација врз социјалното однесување, потребите и поставувањето цели.

Според него, оваа нова структура ќе биде значително порепресивна од капитализмот и дури прогнозира  разградување на стариот „нафтодоларски поредок“. „Влегуваме во период во кој капитализмот повеќе не функционира на стариот начин, а новиот систем ќе биде уште порепресивен“, нагласува Фурсов.

Најважните аспекти на  неговата анализа се:

Нафтодоларскиот систем се формира по 1971 година, кога САД го одвојува определувањето на вредноста на доларот според вредноста на златото, потсетува Фурсов. Подоцна, за да ја задржи својата глобална доминација, Вашингтон го поврзува доларот со нафтата, што било овозможено благодарение на наглото зголемување на цените на нафтата, а всушност предизвикано од војната помеѓу Израел и арапските држави во 1973 година.

„Овој систем беше генијално осмислен, но тој нема да биде вечен“, забележува проф. Фурсов. Тој нагласува дека финансиските елити, вклучувајќи ги Рокфелерови и Ротшилди, го користеле овој механизам за да ја контролираат светската економија. Меѓутоа, оваа епоха завршува сега, а новите социо-економски модели се појавуваат преку остри конфликти.

Фурсов ги анализира различните верзии на посткапитализмот – англиската, француската и германската. Тој нагласува дека без оглед која ќе надвладее, сите идни форми ќе бидат значително поколективни. Дури и „инклузивната“ верзија на Клаус Шваб ќе се темели на укинување на приватната сопственост и засилен социјален надзор. Меѓутоа тој тврди дека „ова нема да биде нов социјализам, туку дигитален концлогор“, вели тој.

Како дел од овие трансформации, се предвидува нагло намалување на животниот стандард, вклучувајќи и намалување на калорискиот внес на граѓаните, слично на она што се случувало во Франција во XV век.

Фурсов потсетува дека во 2015 година елитата спровела вежба „нарушување на синџирот на снабдување со храна“ симулирајќи глобална глад како резултат на војна. Тој објаснува дека англосаксонската стратегија историски се состои во провоцирање конфликти со што противниците се ставаат во неповолна позиција и на крај се обвинуваат за настанатата криза.

Во овој контекст, Русија била принудена да преземе дејствија за да избегне едно катастрофално сценарио. Според Фурсов, доколку Москва не ја започнеше специјалната воена операција на 24 февруари, украинската армија ќе извршеше стратешки удар врз Донецк и Луганск а како последица имаше подготвеност и да се создаде политичка криза во Русија. „Војната беше неизбежна, затоа што другата алтернатива беше целосен колапс“, тврди тој.

Фурсов исто така посветува особено внимание на улогата на Украина во глобалниот конфликт. Тој потенцира дека оваа држава е претворена во инструмент на Западот за дестабилизација на Русија.

„Украина е колонијален проект создаден за да се искористи против Русија“, вели аналитичарот. Со години Вашингтон и Лондон ја градат украинската држава како антируска платформа, создавајќи нов национален идентитет базиран на омраза и историски фалсификати.

Фурсов исто така нагласува дека САД со децении инвестираат во создавање елита која е целосно лојална на Западот, и има за цел спроведување геополитички задачи без оглед дали се коси со интересите на самата Украина.

Глобалниот конфликт може да се разгледува и од економски аспект. Контролата врз производството на храна и енергетските ресурси доведува до нарушувања во самата логистика, што би можело да предизвику глад и нестабилност. Според Фурсов, ова е намерно предизвикана криза што САД ја користат за да ја погодат Европа и да наметнат нов модел на глобално управување.

Фурсов истакнува дека англосаксонската стратегија има корени во Венеција и финансискиот капитал, кој ја реформирал британската економија во XV–XVI век. „Тоа што го гледаме денес е модерна верзија на старите банкарски игри“, вели тој.

Русија, пак, има шанса да понуди алтернативен пат – заштита на послабите народи од нивно претворање во контролирана маса во посткапиталистичкиот свет, а сојузот со Кина и Индија може да биде од клучно значење во овој процес.

Во истиот контекст ја разгледува и историската улога на Русија како заштитник на потиснатите народи. Тој прави паралела со времето на царска Русија, која ги штитела словенските народи, но и со Советскиот Сојуз, кој ги поддржувал антиколонијалните движења. „Русија отсекогаш била пречка за глобалните архитекти на новиот поредок“, заклучува Фурсов.

Советскиот Сојуз можел да ги искористи социјалните и младинските револуции од 1968 година и антиимперијалистичките движења, но наместо тоа советската номенклатура избрала пат на интеграција со Западот. Оваа одлука, заедно со економската политика, довела до стратешки пораз на крајот од XX век. „Тоа беше историска грешка што ја плаќаме и денес“, смета аналитичарот.

Западот, сепак, има долгорочни стратегии за потчинување на своите противници. Уште во 1949 година САД и Велика Британија ја имаат  развиено програмата „Лиоте“ која имаше за цел стратешко ослабнување на СССР. Првите резултати биле планирани за 1999 година, но Западот успеал да ги постигне целите за помалку од 40 години. „Ова е лекција што Русија мора да ја запомни – противникот игра на долги стази“, дециден е Фурсов.

Кратка биографија за проф. Фурсов

Андреј Фурсов е руски историчар, социолог и публицист познат по своите анализи на глобалната политика, историјата на капитализмот и геополитиката. Роден е во 1951 година во СССР (денешна Русија), а дипломирал и докторирал историја со фокус на светскиот развој и социјалните ситеми. Директор е на Центарот за руски студии при Московскиот Универзитет.

Фурсов е еден од главните критичари на западниот систем – неговиот модел и неговите анализи се често етикетирани како идеолошки па повеќето и не се прифатливи за широките маси.

Текстот го преведе Маја Тушевска