Мециновиќ: Македонија е заробена од олигархија, потребна е анти-олигархиска влада

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи упати остри критики кон, како што вели, „ултра-богатите“ во Македонија, обвинувајќи ги дека своето богатство не го стекнале исклучиво преку лична способност, туку преку злоупотреби и системска поддршка.

Во својата објава, пратеникот прави споредба меѓу животот на богатите, кои „се шетаат по Монте Карло“, и секојдневието на граѓаните кои, според него, се соочуваат со ниски плати и високи трошоци за живот, вклучително и сметки за гориво и електрична енергија.

Тој заклучува дека државата треба да обезбеди еднакви можности за сите граѓани, во спротивно, како што вели, таа станува инструмент во рацете на „предаторите“.