„Растете како револуционери“ – писмо на Че Гевара до своите деца

До моите деца,
Хилдита, Алеидита, Камило, Селија и Ернесто

Ако еден ден го читате ова писмо, тоа ќе биде кога нема да сум меѓу вас. Речиси и нема да ме паметите, а најмалите нема да се сеќаваат на ништо.

Вашиот татко беше човек кој постапуваше според своите убедувања и кој, без сомнение, им остана верен. Растете како добри револуционери.

Многу учете, за да можете да ја совладате технологијата што ќе ви овозможи да управувате со природата. Имајте на ум дека револуцијата е она што е важно и дека секој од нас поединечно не вреди ништо.

Пред сè, бидете секогаш способни длабоко да ја почувствувате секоја неправда извршена врз било кого и било каде во светот. Тоа е најголемата вредност што еден револуционер може да ја поседува.

Сè уште се надевам, мои деца, дека повторно ќе ве видам. Голем бакнеж и силна прегратка ви испраќа вашиот татко.

Во април 1965 година, Че го посетува Конго, каде што се задржува неколку месеци обучувајќи ги бунтовниците од оваа африканска држава за герилска борба. Че го поддржува Лоран Кабилa во намерата да изврши преврат и да го собори диктаторот Мобуту. Револуцијата во Конго не успеа. Че тајно се враќа на Куба, каде што на 15 март последен пат јавно настапува, дава отчет за патувањето во странство и пишува проштални писма до родителите, децата и Фидел Кастро.

1967 – Че Гевара започнува со воени операции и раководи со герилска група под името Војска за национално ослободување на Боливија.

Може да ве интересира