27 март 1941: Денот кога народот кажа „НЕ“ на Хитлер

На денешен ден, 27 март 1941 година, во Белград и во други градови на тогашната Кралевина Југославија се одржаа масовни демонстрации против одлуката на кралството за приклучување кон фашистичките сили. Овие протести беа кулминација на десетици претходни изрази на народно незадоволство против Тројниот пакт, а паралелно со нив се изврши и воен удар, што доведе до промена на власта во земјата.

Како што народот на Југославија тогаш се издигна против нацистичко-фашистичката окупација, така и денес народите на Балканот, вклучително и народот на Србија, се соочуваат со борбата против евроатлантската империјалистичка окупација предводена од Соединетите Американски Држави и нивните западни сојузници.

Смрт на фашизмот, империјализмот и капитализмот – слобода за народот! Среќен 27 март!